И покрај повредата Груевски утрово дојде на судењето против Заев

И покрај повредата на ногата премиерот Никола Груевски утрово се појави во скопскиот граѓански суд во предметот кој тој го поведе против опозицискиот лидер Зоран Заев за клевета. Во судот е и првиот човек на СДСМ кој одговара за тврдењата од пред изборите дека премиерот примил пари во кесш за продажбата на Македонска банка. 

Вчера сопственикот на банката Газда Нини пред судот изјави дека не ги познава ни Груевски ни Заев и дека не плаќал пари во кеш за да ја купи банката. Со тоа Газда Нини кој сведочеше на барање на адвокатите на Заев потврди дека опозицискиот лидер Зоран Заев не ја зборувал вистината

02.09.2014 - 09:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега