Опел и Алфа се искршија на излезот од Прилеп - двајца повредени
Едно лице е потешко, а едно полесно повредено во сообраќајка што се случи попладнево на излезот од Прилеп, на патот за Македонски Брод, кај новите градски гробишта.
Според јавниот обвинител Ристо Шошески кој направи увид, несреќата се случила во 17 часот и 20 минути откако се судриле две патнички возила, „опел“ и „алфа ромео“ со прилепски регистрации. Во двете возила имало петмина патници меѓу кои и едно дете.
- Тешко е повреден возрасен маж од возилото „опел“, а полесно е повредено момче од 20-ина години кое било во возилото „алфа ромео“, информира Шошески.
Повредените се префрлени во прилепската градска болница и се надвор од животна опасност.
Засега не се знаат причините за сообраќајната незгода. Увид направија јавниот обвинител и полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа