И во Кичево започна новата учебна година

 

Во сите основни и во двете средни училишта во Кичево денеска започна новата учебна година.

Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари денеска посети неколку основни училишта, како и дветте средни „Мирко Милески“ и „Дрита“, при што се сретнаа со директорите на овие установи.

- Дозволете ми најпрво да им ја честитам на сите ученици новата учебна година. Оваа година имаме проблеми што се однесува до превозот на учениците поради фактот дека годинава процесот на тендерирање е по комплициран и трае подолго. Но, набрзо се надевам и тоа ќе го решиме. Впрочем ние имавме проблеми и со снабдувањето со електрична енергија, но со големи напори како општина успеавме да го надминеме и со разбирање на претставниците на ЕВН денеска струја добија сите училишта. Јас денеска би сакал да изразам пофалби за раководните структурии во двете средни училишта бидејќи во иста зграда, во ист двор учат ученици Албанци, Македонци, Турци, Роми и останати при што немаме никакви проблеми во сферата на меѓуетничките односи, истакна градоначалникот Дехари.

01.09.2014 - 16:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега