Абдула ал - Тани повторно ќе составува влада во Либија

 

Новоизбраниот Парламент на Либија  повторно му го довери мандатот на Абдула ал - Тани да состави нова Влада, пренесе ИТАР-ТАСС.

Кабинетот на Тани поднесе оставка во петокот за да може Парламентот, кој беше избран на крајот на јуни, да го посочи новиот шеф на Владата.

Од 11 март ал - Тани ја предводеше привремената Влада, откако стариот парламентарен состав му изгласа недоверба на неговиот претходник Али Зејдан.

Во меѓувреме, претходниот Парламент, составен главно од происламистички пратеници, кои одбиваа да се самораспуштат, формира друга Влада, предводена од Омар ал Хаси. Како последица на тоа, во Либија во моментов има двовластие, пред се, поради одбивањето на претходниот Парламент да му ја предаде власта на новоизбраниот и неговата одлука да состави Влада која де јуре е незаконска, забележа ИТАР-ТАСС. 

01.09.2014 - 14:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега