Чадив им посака среќа на учениците и наставниците во Велес

Таткото на велешани Славчо Чадиев денеска на сите ученици и наставници од Гимназијата „Кочо Рацин“ и од основното училиште „Блаже Конески“ им посака многу успех и среќа во новата учебна година. 

На двете школски приредби на кои имаше свечен прием на учениците во прва година и на првооделенците градоначалникот Чадиев на сите ученици им посака успешна нова учебна година потенцирајќи дека знаењето е моќ со која можат да ја градат својата иднина.

Тој информира дека во ООУ „Блаже Конески годинава во првоодделение наместо четири има пет паралелки поради зголемениот интерес на родителите во ова училиште да ги школуваат своите деца.

- Тоа се должи на добрата обученост на наставниот кадар во ова училиште, потенцира Чадиев.

Чадиев истакна дека во некои велешки училишта како во ООУ „Благој Кирков“ и денеска се запишуваат ученици и затоа не го знае точниот број основци и средношколци во градот. 

01.09.2014 - 12:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега