Србија е способна да си ги заштити народот и територијата

Србија е способна да ги заштити својот народ и својата територија, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ вчера за време на посетата на базата Мердаре во јужна Србија, до границата со Косово. 

Вучиќ истакна дека пограничната полиција ќе добие нова опрема за да може поефикасно да ги исполнува своите задачи и да се заштити подобро.

- Животот на полицајците и на припадниците на пограничната полиција за нас е многу важен и не можеме да дозволиме криминалци и криминални групи да крадат и ограбуваат и не само тоа, туку и да доаѓаат и да убиваат членови на српските сили за безбедност, рече српскиот премиер. 

Српски пограничен полицаец беше убиен минатата недела во северно Косово при престрелка на граничниот премин Мердаре, меѓу Србија и Косово. Тој се здоби со повреди во пределот на главата, а почина во Военомедицинската академија во Белград. 

Министерот за внатрешни работи на Србија. Небојша Стефановиќ, по инцидентот нареди во регионот да бидат испратени зајакнати полициски единици.

01.09.2014 - 11:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега