Рачна бомба во школскиот двор на првиот училишен ден

Рачна бомба е пронајдена во дворот на основното училиште во селото Брезна крај Горно Милановац, Србија, пренесува Блиц.

Од одделението за вонредни ситуации во Горно Милановце посочиле дека бомбата М-75 случајно ја нашол жител на местото кој копал канал за поставување цевки за вода.

 

Бомбата била на површината на земајта покриена со лисја, а човекот кој ја пронашол веднаш ја известил полицијата.

01.09.2014 - 10:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега