Се повреди премиерот Груевски

Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека при спортска активност – џогинг (спринт) во близина на неговото место на живеење премиерот Никола Груевски го повреди горниот дел на левата нога, поточно адукторната регија.

Преземени се сите дијагностички и терапевтски процедури за ваквиот вид на повреда, препорачана е медикаментозна терапија и рехабилитација со намалување на физичките и спортски активности.

Се очекува повредата да биде санирана во период до три недели по препорачаната терапија, а во меѓувреме премиерот Груевски ќе ги редуцира своите активности, информираат од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.

31.08.2014 - 20:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега