ВИДЕО: Вака се создавала нашата планета
Телескопот на НАСА, Спицер забележал голема ерупција на прашина околу една млада ѕвезда. Нивните научници веруваат дека станува збор за судар на два големи астероиди, што може да доведе до создавање на нови планети.
Астрономите од тогаш ја следат ѕвездата што ја нарекле NGC 2547-ID8 и всушност го гледаат процесот на создавање на планета како Земјата.
Таквите планети својот живот го започнуваат како облак прашина што кружи околу млада ѕвезда. Таа прашина се судира и настанува се поголем куп. Околу 100 милиони години подоцна тие објекти созреваат и прават планети. токму тоа го забележале во НАСА - развој на планета слична на Земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа