Пет бази на НАТО во источна Европа ќе бидат разместени

 

НАТО планира да размести пет бази во источна Европа на териториите на Литванија, Летонија, Естонија, Романија и Полска, соопшти германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, цитиран од ИТАР-ТАСС.

Согласно планот на Северноатлантската Алијанса, во секоја од базите долгорочно ќе бидат дислоцирани до 600 војници, соопшти весникот, цитирајќи извор од НАТО.

Други суштински детали за планот не се наведуваат.

Планот детално ќе биде разгледан на средбата на врвот во Велс, на 4 и 5 септември.

Генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен, во интервју за истиот весник, истакна дека Алијансата планира да има повидливо присуство во источна Европа.

Според него, во Велс ќе се донесе одлука за зголемување на ефикасноста на силите за брзо реагирање. Тоа на НАТО ќе му овозможи да реагира пооперативно при ново појавените опасности, рече Расмусен. 

31.08.2014 - 12:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега