САД изврши воздушни напади врз џихадистите кај градот Амерли во северен Ирак

 

САД изведоа воздушни напади врз борците на групата „Исламска држава“ во близина на опколениот шиитски град Амерли, во северен Ирак, и од воздух спуштија хуманитарна помош за цивилното население во регионот, соопшти Пентагон.

Претседателот Барак Обама ја одобри операцијата за да го спречи нападот од страна на „Исламска држава“ врз жителите на Амерли.

Помошта била испорачана од американски авион, заедно со авиони од Велика Британија, Франција и Австралија, посочи портпаролот на Пентагон, Марк Рајт.

Градот Амерли, населен главно со шиити Туркмени, се наоѓа на 160 километри северно од Багдад, а повеќе од два месеца е опколен од џихадистите.

Ирачката армија и курдските сили вчера почнаа офанзива против сунитските џихадисти од „Исламска држава“. 

31.08.2014 - 12:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега