Проруските сили собориле украински борбен авион
Украински борбен авион е соборен со помош на руски противвоздушен систем во источниот дел на земјата, каде украинските сили се борат со проруските активисти, тврди украинската војска.
„Руски противвоздушен систем собори борбен авион Су-25. Пилотот успеал да се катапултура“, се наведува во денешното соопштени, кое не нуди детални информации за местото на настанот, туку само се соопштува дека тој се случил вчера изутрина.
Воедно, украинската армија ги демантира тврдењата на проруските активисти дека собориле четири украински авиони.
30.08.2014 - 11:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа