ФОТО: Камбијасо се пресели во Лестер

Аргентинскиот интернационалец и довчерашен фудбалер на Интер Естебан Камбијасо кариерата ќе ја продолжи во премиерлигашот Лестер.

Англискиот тим објави дека со Камбијасо потпишал едногодишен договор. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Интер стана слободен играч по десетгодишно играње на „Џузепе Меаца“.

Менаџерот на Лестер Најџел Пирсон изјави дека е задоволен со новото засилување.

-Беше неверојатно тешко да се најде решение за преговорите, изјави Пирсон.

Камбијасо се поврзуваше со Вест Хем и Тотенхем, но на крајот го избра Лестер, а за новиот клуб би можел да дебитира во недела против Арсенал.

30.08.2014 - 11:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега