Македонска фолк војна: Анета Наковска краде башкиш и се вади на Елена Велеска
Дејвид Стојков од Форца Бенд ја обвини Анета Наковска дека краде бакшиш. Музичарот на својот Фејсбук профил напишал статус преку кој и порачува на фолкерката да се засрами од нејзините постапки, пишува Вечер
" Известување до сите колеги, музичари и сопственици на локали. Доколку ја викнете Анета Наковска да работи со вас или во вашиот локал имајте на ум дека го краде бакшишот. Цело време парите кои ги добиваше ги ставаше во чанта, а кога ја прашавме зошто го прави тоа, ни рече дека таму парите се на сигурно и поради тоа ги трга настрана. На крај кога требаше да се поделиме рече дека таа, Елена Велевска и Сузана Гавазова не го делат бакшишот со музичарите зашто биле многу познати. Не верувам дека Елена и Сузана постапиле како неа, само се вадеше со нивните имиња, а може вода им носи во пеење, изглед и однесување. 12 години работиме со многу познати имиња од естрадата, вакво нешто прв пат ни се случи. Анета Наковска, засрами се!", стои во статусот на музичарот.
Бесна на фолкерката е и нејзината колешка Елена Велевска, која вели дека не е прв пат да слушне ваков муабет за Наковска. " Не може некој да се вади на моето име и да кажува невистини за мене. Многупати до сега сум слушала и ми кажувале како Наковска краде бакшиш и на крај од свирка секогаш се кара со музичарите бидејќи не сака да дели. Се вадела на мене и кажувала дека и јас правам така, а тоа е лага. И порачувам да ме извади од уста, моето име е бренд за неа. Долги години ја работам оваа професија и сите кои свиреле со мене знаат дека бакшишот секогаш на крај го делам", рече Велевска и и порача на Наковска да не ја става во уста повеќе.
Анета, пак, видно разочарана и потресена од приказните на нејзините колеги, вели дека сето тоа е чиста лага. " Не можам и не сакам да се замарам со глупости и приказни на луѓе кои само сакаат да ме оцрнат. Ништо од тоа не е точно. Нема да се објаснувам и не коментирам. Нема да се спуштам на нивното ниво. Јас секогаш им давам бакшиш на музичарите", рече Наковска. Дали ова значи почеток на уште една нова естрадна војна, останува да видиме. Двете спротиставени страни цврсто стојат на своите верзии од приказните, а кој лаже ќе покаже времето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа