Селекторот дел Боске го објави списокот за натпреварот со Македонија

Шпанскиот селектор Висенте дел Боске го објави списокот на фудбалери за првиот натпревар од квалификациите за Европскот првенство во 2016 година против Македонија, што се игра на 8-ми септември.

Чави, Давид Виља и Чаби Алонсо се пензионираа од репрезентацијата, Пике е повреден, а Хуан Мата и Фернандо Торес не се повикани поради лошата форма.

На списокот се најде и Диего Коста, кој пред неколку дена ја повреди тетивата.

Првпат повик во националниот тим добија голманот на Еспањол, Касилја, дефанзивецот Сан Хозе и напаѓачите Раул Гарсија и Пако Алкасер.

Голмани: Касилјас (Реал), Де Хеа (Ман.Јунајтед), Касилја (Еспањол)

Одбрана: Сан Хозе (Атлетик Билбао), Раул Албиол (Наполи), Бартра (Барселона), Хуанфран (Атлетико Мадрид), Жорди Алба (Барселона), Серхио Рамос (Реал), Карвахал (Реал), Аспиликуета (Челзи)

Среден ред: Бускетс (Барселона), Казорла (Арсенал), Фабрегас (Челзи). Итураспе (Атлетик Билбао), Педро (Барселона), Иско (Реал), Давид Силва (Ман.Сити), Иниеста (Барселона), Коке (Атлетико Мадрид)

Напад: Диего Коста (Челзи), Раул Гарсија (Атлетико Мадрид), Пако Алкасер (Валенсија)

 

29.08.2014 - 14:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега