Спортските игралишта на градската плажа започнаа со работа

Одбојкарските игралишта на песок при Градска плажа „Парк“ и „Камен Мост“ и ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“, деновиве почнаа  да работат.

Сите заинтересирани ученици, граѓани, спортски клубови или здруженија на граѓани, можат бесплатно да спортуваат и да се рекреираат на одбојкарските игралишта на песок на Градските плажи во Скопје.

             Спортските терени на Градска плажа „Парк“ и Градска плажа „Камен Мост“, ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.