Кина на домашен терен го презентираше најновото оружје

 

На меѓународната воена вежба „Мировна мисија-2014“ на домашен терен  Кина го покажа своето најново, софистицирано оружје, вклучувајќи ги напаѓачките хеликоптери и тенкови.

Во воената вежба на северот од Кина учествуваа повеќе од 7.000 војници од Кина, Русија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, пренесоа американските медиуми.

Воената вежба се одржува во најголемата и најмодерна кинеска база за обука во автономниот регион Внатрешна Монголија.

Последната верзија на тенкот „Тип99“ како и најновите верзии на хеликоптерите „З-10“ и „З-19“ првпат учествуваа во повеќенационалната воена вежба со боева муниција. 

29.08.2014 - 12:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега