Два часа помалку: Се воведува шестчасовно работно време

 

Со шестчасовно работно време, Шведска очекува намалување на боледувањата, поголема продуктивно и намалување на трошоците.
Оаа скандинавска земја започнува со тестирање на ново работно време и тоа во Домот за стари лица „Вастра Хисинген“ каде 60 вработени ќе работат 2 часа помалку.

Доколку проектот даде добри резултати ќе се спроведе на целата територија.

Шестчасовното работно време Швеѓаните веќе го тестираа во државната администрација во Гетеборг, каде ова лето наместо осум, се работеше шест часа.

Се повеќе влади се обидуваат да ги подобрат условите за работа на работниците. Пред околу два месеци беше предложено и намалување на работната недела од петдневна на четиридневна, што  како идеја беше прифатена од голем број големи компании.

 

 

29.08.2014 - 11:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега