Во недела делови од булеварот „Трета македонска бригада“ затворен за движење

В недела (31 август) од 6 до 19 часот, на булеварот „Трета македонска бригада“, кај крстосницата со улицата „Фрањо Клуз“ (косата улица до бензинската пумпа на Макпетрол), на стариот дел, ќе се изведуваат градежни работи – прекоп за поставување подземни инсталации.

Од Градот Скопје информираат дека во наведеното време на овој потегот од крстосницата ќе се воведе времен сообраќаен режим, а возилата ќе се движат наизменично по коловозните ленти.

На булеварот „Трета македонска бригада“ в недела ќе биде поставена соодветна патна сигнализација. 

29.08.2014 - 10:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега