„Си правевме селфи кога го прегазивме Лука“- соучесничките проговорија за несреќата

 

Откако побараа повторно сослушување, сооучесничките кои во кобната вечер биле во автомобилот, со кој на 26.јули беше прегазен 21-годишниот Лука Јовановиќ, ијавиле дека автомобилот бил исечкан на декови и префрлен во странство, пренесува српски Блиц.

Тамара Богдановиќ, обвинета за прекривање на злосторство изјавила дека има видео запис од несреќата во траење од две секунди, и друга снимка од 20 минути, бидејќи се снимале пред да се случи несреќата, а видеото од две секунди е од моментот кога тие си правале селфи, и кога според сооучесничките се случила и несреќата.

-Н а снимката не се гледа несреќата, но се слуша како јас му велам на Марко „Застани“, а Тамара вели „Полека, полека“, на што тој одговори „Не можам сега, мораме да одиме“. Тие снимки ги избришав од својот телефон, но ги префрлив на УСБ и ќе ги доставам до судот, изјавила Милица Новаковиќ.

29.08.2014 - 09:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега