Тешка сообраќајка пред Гостивар: Загина 24 годишно момче

24 годишниот Бетим Ш. од Килево загина во тешка сообраќајна несреќа која вчера се случила на автопатот Кичево - Гостивар кај местото викано „Сатеска“. Како што информира полицијата, во несреќата учествувале автомобил Мерцедес управуван од 39 годишниот Ќ.М. од охридско Подмоље и моторцикл Кавасаки кој го управувал Бетим. Момчето починало на лице место, а возачот на автомобилот со тешки повреди е префрлен прво во медицинскиот центар во Кичево а потоа во Ургентниот центар во Скопје. Полицијата извршила увид на местото во присуство на јавен обвинител поради што сообрќајот бил во прекин од 18:20 до 20:30 часот.

28.08.2014 - 12:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа