Дрвокрадци од Косово убија полицаец
Припадникот на српската полиција, 30 - годишниот Стеван Синѓелиќ, кој ноќеска во три часот беше ранет во реонот на селото Орловац во општината Куршумлија, починал утринава на Военомедицинската академија во Белград.
Синѓелиќ е ранет кога повеќе непознати лица од албанска националност пукале од огнено оружје кон полицајците кои го обезбедувале местото каде се вршел увид, по вчерашното пронаоѓање на дрвокрадци од Космет, соопшти српската полиција.
За оружениот напад се сомничат лицата кои вчера бесправно сечеле шума, а кои утринава се вратиле на истото место со цел да си го земат оружјето, техниката и предметите кои ги оставиле зад себе по вчерашниот инцидент.
Портпаролката на болницата во Прокупље соопшти дека Синѓелиќ е ранет рано утринава околу три часот, а околу седум е донесен во болница.
- Тој имаше прострелна рана на главата. Веднаш е извршена реанимација, а потоа во многу тешка состојба со хеликоптер е префрлен во Белград на Военомедицинската академија, изјави Марија Деспотовиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа