При престрелка на граничен пункт, ранет полицаец
Како што пренесува српски Блиц, при престрелка на граничниот пункт Медраре, меѓу Србија и Косово, денеска е ранет српски полицаец во пределот на главата.
Како што пишуваат од српскиот медиум, истрелот дошол од косовската страна на границата.
Триесетгодишниот полицаец е ранет околу три часот изутринава.
Тој бил реанимиран во локалната болница, а потоа во тешка состојба со хеликоптер е префрлен во Берлград.
Се претпоставува дека напаѓачите биле дрвокрадци.
28.08.2014 - 10:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа