Ердоган од денес официјално е претседател на Турција
Новоизбраниот претседател на Турција, досегашниот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска официјално ќе биде инаугуиран за шеф на државата.
На функцијата премиер ќе ги замени новиот лидер на владејачката Партија на правдата и развојот, Ахмет Давутоглу.
Ердоган на 10 август победи на првите директни избори за претседател на Турција, по што мораше да поднесе остака од премиерската функција и од лидерската позиција на партијата.
Функцијата претседател во Турција е повеќе церемонијална, но Ердоган претходно најави дека ќе користи и овластувања што претседателите претходно не ги користеле.
28.08.2014 - 10:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа