ФОТО: Пустош во авионите на „Малезија ерлајнс“- авиокомпанијата пропаѓа?

 

По двете авионски несреќи кои го завија светот во црно авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ се чини дека пропаѓа.

Фотографии од стотици празни седишта во авионите на „Малезија ерлајнс“ ги преплавија социјалните мрежи Твитер и Инстаграм.

Корисниците на Твитер ја објавија оваа фотографија на која патниците во авионот на „Малезија ерлајнс“, можат да се избројат на една рака.

Компанијата секојдневно е во големи загуби, како резултат на инцидентите, односно исчезнувањето на двата авиони од оваа компанија годинава.

27.08.2014 - 16:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега