ВИДЕО: Британецот кој го уби новинарот Џејмс Фоли напишал химна за Anonymous
23- годишниот британец Абдел Махед Абдел Баи е осомничен за егзекуцијата на американскиот новинар Џејмс Фоли.
Минатата година момчето заминало од Лондон и им се приклучил на џихадистите во Сирија, а сега е еден од тројцата за кои се претпоставува дека ја извршиле егзекуцијата на американскиот новнар снименa на видео коja ја згрози светската јавност.
Пред да им се приклулчи на ИСИС тој имал музичка кариера и изразувал поддршка кон една сосема поинаква група- Анонимни (Anonymous).
Неговите текстви и тогаш биле полни со омраза и насилство. Најчесто пишувал за своето детство израснато во сиромаштија и за тоа како продавал дрога. Во една негова песна насловена „Почетокот“ тој рапувал за денот кога полицијата го уапсила неговиот татко поради нелегален престој во Лондон.
-Се колнам дека денот кога го одведоа татко му, можев да убијам неколкумина. Замислете ме тогаш на 6 години. Замислете си само што се можев да направам со полн пиштол, рапува тој во песната.
Тој дури напишал и химна за познатата хакерска група Анонимни. Во песната тој рапува дека е опкружен со „армија на војници“ и потенцира дека моменталниот систем е „примитивна лага“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа