Љубителите на спортот добија модерна сала - отворен спортскиот центар „Јане Сандански“
На локацијата на поранешната сала на МЗТ Скопје во Општина Аеродром денеска беше пуштен во употреба нов спортски центар „Јане Сандански“. На пуштањето во употреба присуствуваа премиерот Никола Груевски, инвеститорот Самсоненко, градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, генералниот менаџер на Спортскиот центар Надица Димовска и гереналниот менаџер на хотелот „Русија“ Дина Муцунска.
Според премиерот Груевски, инвестицијата од 15 милиони евра ќе отвори најмалку 50 работни места и има големо и повеќекратно значење.
- Два големи клуба од Скопје, РК „Вардар“ и КК МЗТ Скопје добиваат сопствен дом и арена во која ќе може да тренираат, да натпреваруваат и да ги продолжат добите резултати од минатото. Младите кои се дел од овие кулубови, но и сите деца, млади и постари кои ќе го посетуваат овој спортски комплекс, професиоално или рекретивно добија исклучително модерен објект во кој ќе биде задоволство да се игра и да се спортува. Љубителите на спортот и навивачките групи добија нова и модерна сала со нова и и поинаква атмосфера да се навива и да ги бодрат милениците. Од безбедносен аспект оваа сала е најмодерната во Македонија, рече Груевски.
Рускиот инвеститор потенцираше дека добил поддршка и наишол на одлична соработка од општинските власти и службеници и надлежните министерства за изградбата на објектот. - Овој објект го направивме сите заедно. Во процесот на изградба на Спортскиот центар учествуваа над 60 македонски компании, пет странски од Русија, Србија и од Словенија. Ангажирани беа околу 1.600 работници, наведе Самсоненко.
Покрај арената во СЦ „Јане сандански“ отворени се и помошна спортска сала за кошарка и ракомет со капацитет од 1.000 посетители, како и конгресен центар. Дел од комплексот треба да бидат и тениски игралишта, фитнес и аеробик центар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа