Сите да работиме за посветла иднина - честитка од Вељаноски

 

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати честитка до Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.

- Денешниот христијански празник на Успение на Пресвета Богородица, нека ни биде потсетник и пример за нејзината големина и улогата на секоја жена во нашите семејства. Нејзината чистина, љубовта и посветеноста на Бога, се христијанските вредности кои се почитувани од сите верници. Во Македонија, мајката Божја е длабоко вкоренета во верувањето за нејзината милост и благодет, како и почитувана за чувар и закрилник на сите жени, мајки и христијани воопшто. Како христијани треба да сме насочени кон праведноста и добрината, да научиме да простуваме, да бидеме хумани и да споделуваме радост, но и да ги почитуваме највисоките морални вредности.

Искрено да веруваме во нашата сплотеност и да сме цврсто обединети во нашите цели за промовирање на православните христијански вредности како и чување на духовното и културното наследство. Потребно е сите заедно да работиме за подобра иднина на секој поединец, како и нашата држава Република Македонија.

На сите православни верници од Македонија и светот им посакувам празникот да го поминат во духовен мир, исполнети со многу здравје, среќа и бериќет во секој дом, се наведува во честитката од претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски.

27.08.2014 - 13:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега