ВИДЕО: Ова е најмладото момче од Косово кое војува во Сирија!

 

Пранвера Абази 30-годишна жена од Косово вели дека нејзиниот сопруг Арбен, кој во Сирија заминал пред неколку седмици, без нејзино одобрување со себе го зел и нивниот 8-годишен син.

Детето е фотографирано во друштво на борците на ИСИС во Сирија додека неговата мајка очајно бара некој да го врати нејзиниот син назад, пренесува КТВ.

Мајката во изјавата за КТВ се сеќава кога последен пат го видела синот, тогаш нејзиниот сопруг и рекол дека на неколку дена со синот ќе отидат на село. По една недела добила порака од сопругот, во која пишувало дека заедно со синот е во Сирија.

27.08.2014 - 10:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега