Македонија ќе се претстави на најголемиот саем за танц во светот
Културниот центар „Интерарт“, организаторот на Танц Фест, е дел од најголемиот саем за танц во светот „Танцмесе” во Дизелдорф, кој годинава слави 20 години постоење.
Четири дена, единаесет локации, 60 интернационални компании на сцена, 130 штандови, повеќе од 400 танцови компании од целиот свет, е она што ќе го одбележи годинашниот саем „Танцмесе”.
- Навистина ми претставува голема чест поканата од организаторите на оваа престижна манифестација, да бидам гостин и да ја претставам Македонија и активностите кои ги правиме кај нас. Веќе на првиот ден на поставување на штандовите, има голем интерес за сето она што Интерарт го прави во Македонија, посебно за фестивалот Танц фест, како и Интернационалниот натпревар за млади кореографи, DANCELAB SKOPJE, кој за прв пат го организиравме минатата година со голем успех. Се разбира, Скопје танцовата академија и театар, ќе бидат посебно претставени и веќе има заинтересирани студенти од Европа, кои сакаат да дојдат да студираат кај нас. Се на се, веќе на првиот ден од нашиот престој во Дизелдорф, одлична комуникација со светскиот 'џет сет' во танцот и одлична промоција на Македонија на највисоко уметничко ниво, вели Рисима Рисимкин, уметничкиот директор на Интерарт.
Следното издание на фестивалот е за две години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа