За една година во затвор Босанец ослабел 140 килограми

 

32- годишниот Дејан Вуковиќ со надимак Супер Беба, кој е од јуни минатата година е во затворот во Фоча и издржува казна од две години и шест месеци поради кражба на автомобил, за една година и два месеци минати во затвор ослабел 140 килограми.

Многумина кои го познаваат Вуковиќ оваа информација и неговиот нов изглед ги шокираше, особено поради тоа што е општо познато дека повеќето од затворениците во затвор се здебелуваат.

Дека Супер Беба ослабел 140 килограми, потврди и неговиот адвокат Омар Мехмедбашиќ.

- Вуковиќ поради прекумерената тежина имаше здравствени проблеми, а сега успеа, не знам на кој начин, да ослабне 140 килограми. Не беше на операција. Но, искрено, јас не сум навикнат да го гледам слаб, и веднаш штом ќе излезе на слободен викенд го носам на бурек, рече низ смеа неговиот адвокат.

27.08.2014 - 09:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега