Се огласи тинејџерката која избега од дома - еве каде се криела
17-годишната Марина Стојановиќ од која немаше ни трага ни глас, а вчера конечно се врати дома, си ја отвори душата и за српскиот Курир раскажа што се случило.
Заљубена сум. Прво се допишувавме на Фејсбук, а потоа се чувме на телефон. Сфативме дека сме еден за друг. Побегнав од дома минатиот вторник. Отидов кај него дома а таму ме пречекаа како снаа, веднаш почнав да средувам по дома и и ми рекоа дека правам најубаво кафе, вели Марина по која полицијата деноноќно трагаше.
Вели дека го исклучила телефонот бидејќи нејзините родители не сакаат ни да чујат за момчето на нејзиниот живот бидејќи како што вели е од ромска националност.
- После три дена дознав дека и полицијата ме бара. Не сакав да се јавам на родителите зошто не сакав да одам дома. По неколку дена поминати кај моето момче му почина братот, а потоа настана тепачка и го исфрлија од дома, вели таа.
Девојката која сега е во станот на баба си бидејќи не сака да се врати дома вели дека со момчето се родени еден за друг и нема да се смири додека не бидат заедно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа