Продолжува манифестацијата „Топол културен бран"

 

Со концерт на дуото Габриела Бачманова и Илија Настовски  на пијано вечерва во Ликовниот салон во Велес продолжува манифестацијата „Топол културен бран“ на Министерството за култура и Општина Велес.

Професорите Бачманова и Настовски по пијано  во ООМУ „Стефан Гајдов“ ќе настапат со дела од Бах, Клементи, Хачатуријан, Бетовен, Дворжак и Пјацола.

Потоа во Ликовниот салон ќе биде промовирана збирката афоризми „Кочење во тројка“ од Димитар И.Вилазорски, Миле Ѓорѓиоски и Васил Толевски. 

26.08.2014 - 15:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега