Првиот број на Супермен продаден за 3,2 милиони долари
Примерок на "Екшн комикс но. 1" (Action Comics No. 1) од 1938 година, стрип во кој за прв пат се појавува Супермен, е продаден за 3,2 милиони долари. Стрипот го купиле сопствениците на фирма која тргува со стрипови, Стивен Фишлер и Винсент Зурзоло. Тие рекоа дека вчера на ибеј понудиле рекордна сума за еден стрип, но неможеле да ја испуштат можноста да купат примерок од стрип во кој за прв пат се појавува некој суперхерој.
Фишлер и Зурзоло се сопственици на Комикконект, кој на аукција во 2011. година продаде еден стрип за тогаш рекордни 2,1 милион долари. Во светот постојат околу 100 примероци од првиот број на "Екшн комикс".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа