ФОТО: Го спремале за погреб, тој оживеал
Докторите во болницата го прогласиле Валделусио Гонкалвез од Салвадор, Бразил за мртов, откако му откажале органите, по што го однеле во мртовечница.
Кога дошол неговиот брат за да го земе и да го подготви за погреб, Валделусио почнал да мрда и полека станал од мртвите.
-Веќе плативме некролог во весник и купивме ковчег, се спремавме да го погребеме, вели неговиот брат.
Ожалостените роднини, кои биле ужаснати од загубата, се преплашиле од глетката, но потоа биле пресреќни.
Тој боледувал од рак на желудникот, па семејството вели дека на некој начин ја очекувале оваа загуба.
Сега тие се пресреќни што Валделусио е жив и велат дека ќе продолжат да се борат со ракот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа