Ќе одмориме во четврток - еве кои се неработни денови до крајот на годината
Нареден ден кога ќе одмориме од работните обврски е 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
Ова се сите неработни денови:
08 септември (понеделник), Ден на независноста
· 11 октомври (сабота), Ден на народното востание
· 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба
· 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед:
· 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
· 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци
· 25 декември (четврток), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед:
· 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:
· 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:
· 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:
· 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:
· 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа