Маид Хечимовиќ доживеал непријатност во Охрид
Учесникот на Икс Фактор, Маид Хечимовиќ кој деновиве престојува во Охрид, додека се возел со глисер и уживал во убавините на езерото, доживеал непријатност, тврди негов пријател.
Имено, пред да тргне, босанскиот шармер не го проверил резервоарот, па набрзо останал ни ваму ни таму - среде езеро.Кога всушност сфатил што се случило, побрзал да го земе телефонот и да им заврти на пријателите да дојдат по него, но за малерот да биде уште поголем, мобилниот не бил со него бидејќи го заборавил на плажа .
-И кога помислил дека се е изгубено, му се насмевнала среќата. Двојката која била во другиот пловен објект што му се приближил , без двоумење му излегла во пресрет и тој безбедно се вратил на брегот. Задоволството на крајот било заемно, особено затоа што двојката која му помогнала, всушност била одушевена од него за време на шоуто Икс Фактор и всушност тој бил нивниот фаворит за победа и човекот за кого гласале.Денот им завршил со убава дружба и заедничко излегување, пишува Вечер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа