Жолтицата „напаѓа": За два дена четворица новозаболени во Скопје
За два дена во Скопје се регистрирани уште четири нови случаи на заболени од жолтица, информираат за zdravstvo24.mk од Центарот за јавно здравје.
Двајца од заразените со хепатит А биле прегледани на Инфективната клиника, а двајца во ГОБ 8-ми септември. Двајца пациенти се од Шуто Оризари, а по еден од Аеродром и Кисела Вода.
Не се работи за врзани случаи, велат за zadravstvo24.mk од скопскиот центар за јавно здравје. Со последната заболена 13 годишно девојче од Шуто Оризари во моментот на Инфективна се хоспитализирани 17 пациенти со хепатит А. Сите се во стабилна здравствена состојба. Со новите четири случаи со жолтица во галавниот град се заразени 76 лица.
Тројца ново заболени од жолтица се пријавени денеска и во Штип. Во овој град досега се регистрирани 37 лица со хепатит А. Тројца болни од заразна жолтица во Куманово пријави и тамошниот Центар за јавно здравје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа