Еве кои делови од Скопје утре ќе останат без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД , ги известува граѓаните  дека на ден 27.08.2014 ( среда ) без електрична енергија ќе останат:

Во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од Радишански Пат - Радишани. ( општина Бутел), во периодот од 08.30 до 17.00 часот, корисниците од селата Долно, Средно и Горно Коњари, Мобимак – Коњари, Чифлик, Сушица, Дивље, Живиње и објектот на АЛЕМ. ( општина Петровец ), во периодот од 09.00 до 10.00 часот, корисниците од ул.Свети Кирил и Методиј бр.6 – влез 3. ( општина Центар ), во периодот од 09.00 до 12.00 часот, објектите во резерватот Јасен, во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Шарпланинска, корисниците од улиците Моцартова и Тиранска ( општина Ѓорче Петров ) корисниците од улиците Диме Мечето и Волт Дизни ( општина Шуто Оризари ) како и корисниците од улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 од село Грчец. ( општина Сарај ), во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците Петар Поп Арсов, Диме Аницин, Борка Талевски, како и дел од корисниците од ул. 29 Ноември. ( општина Центар ).

 

26.08.2014 - 14:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега