Паника во Србија, ИСИЛ сеат страв: Повлечете се за седум дена или сте мртви
Терористичката организација ИСИЛ фрлила заканувачко писмо во дворот на амбасадата на Србија во Дамаск и им дала рок од седум дена да го напуштат објектот, во спротивно ќе ги убијат.
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ ја потврди информацијата, но не даде дополнителен коментар.
ИСИЛ под своја контрола има делови од Ирак и Сирија, а објави и мапа на која се гледа каков е нивниот план за ширење, во која влага и Македонија. Водачот на терористичката група Абу Бакр ал Багдади (Ибрахим Бадри) порача дека на Балканот ќе се воспостави муслиманска држава - исламски калифат.
Во новиот Калифат ќе бидат вклучени сите земји од поранешната СФРЈ, Бугарија, Албанија, Грција. Во пошироки рамки картата опфаќа големи делови на средна Африка, северна Африка, Блискиот Исток и Шпанија.
Основачот на ИДИЛ, ал Багадади, ја применува визијата на Абу Мусаб ал Заркави, лидерот на Ал Каеда кој беше убиен од американските трупи во 2006 година, чија цел беше да ги освои и обедини Ирак и Сирија.
Абу Бакар ал Багдади упати повик до сите муслимани да се приклучат кон џихадот и да се преселат во освоените територии во Ирак и Сирија.
Во аудио-порака објавена на исламистички интернет-страници Багдади упатува посебна порака кон научници, судии, лекари и инженери да дојдат во калифатот бидејќи „муслиманите имаат голема потреби за нив“.
- Муслимани доаѓајте во својата држава. Да, тоа е вашата држава, нагласува Багдади во пораката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа