„Сосед на годината" - охриѓанец узурпирал подрум и им заклучил на станарите

 

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 66-годишниот З.Т. кој узирпирал недвижнини и бесправно си градел.  

Охрижанецот во периодот на мај 2014 година имал намера да се стекне со противправно владение на имот којшто е во заедничка сопственост на станарите во колективната стамбена зграда на бул. „Туристичка“, лоциран во подрумските простории. Овој простор го оградил со преградни ѕидови, поставил врата и ја заклучил со што оневозможил пристап на другите станари од зградата.

Истото го направил без да поседува одобрение за градење и без да ги реши сопственичките односи на конкретниот имот.

26.08.2014 - 13:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега