Морнарицата на Мјанмар заплени 2,4 милиони таблети "екстази"
Морнарицата на Мјанмар синоќа пресретнала брод кој пловел кон Тајланд и превезувал 2,4 милиони таблети "екстази", кои на нарко пазарот вредат над 20 милиони долари. Ова претставува најголемата заплена на дрога во историјата на оваа земја.
Во акцијата се уапсени капетанот и 14 членови на екипажот.
Пратката на наркотици потекнува од илегалните фабрики на северот на Мјанмар, во подрачјето на така наречениот „златен триаголник’’ кое, по Авганистан, се смета за второ по големина подрачје во кое се произведуваат кокаин, хероин и синтетички дроги.
Пред неполни два месеца во Мјанмар беа запленети 1,3 тони опиум, 225 килограми хероин и 1,2 тони таблети амфетамин.
Новоформираната финансиска полиција на Мјанмар, како што е официјално соопштено, деновиве од властите во Велика Британија и Јапонија побарала соработка за откривање на патиштата низ кои во тие две земји мјанмарската нарко-мафија ги пере парите заработени од продажбата на дрога.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа