Кајмакоски и Наум Петрески ќе ги забавуваат посетителите на овогодинешната Смоквијада

 

Најмалку 17 екипи се очекува да се натпреваруваат во подготовката на слатко од зрели смокви на овогодишната Смоквијада 2014 , која се одржува на 30 и 31 август во Гевгелија.

 

 

Натпреварувачкиот дел со пригодна културно-уметничка програма ќе се одржи на ракометното игралиште во Гевгелија, со почеток во 20 часот, а пред започнувањето на официјалниот дел на градското шеталиште ќе се одвива фолклорно дефиле со учесниците на „Смоквијада 2014“.

 

Во културно-уметничката програма ќе учествуваат фолклорни групи од Гевгелија и гостите од Хрватска и Србија. Специјален гостин во музичкиот дел е Наум Петрески.

На просторот каде се изведува натпреварот домашните и странски производители на здрава, органска храна ќе ги презентираат своите производи.

Наредниот ден на 31 август ќе биде прогласувањето на победниците од „Смоквијада 2014“ на плоштадот во Гевгелија.

 

Како специјален гостин во програмата е најавен македонскиот идол Даниел Кајмакоски.

 

 

За време на одржувањето на двата дена од Смоквијада гевгелиските хотели ќе презентираат специјалитети зготвени од смоква.

26.08.2014 - 11:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега