Најмалку 8 лица загинаа, а 20 се повредени во експлозија на автомобил - бомба

 

Најмалку осум лица загинаа, а 20 се повредени кога во источниот дел на Багдад експлодирал автомобил - бомба, соопштија полициски извори.

Експлозијата се случила во дел на Багдад со мнозинско Шиитско население, пренесува Танјуг.

Полицијата соопшти дека бројот на жртвите не е конечен.

Нападот се случи по вчерашната серија експлозии низ Багдад при што загинаа повеќе од 20 лица.

 

26.08.2014 - 10:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега