Најмалку 19 лица го загубија животот, а 15 се повредени во сообраќајна несреќа
Неименуван функционер од египетското министерство за здравство информираше за сообраќајна несреќа на југот во Египет,во која два минибуса паднале во канал за наводнување, при што загинале најмалку 19 лица, а 15 се повредени.
Возачите на минибусите превезувале луѓе кои се враќале од свадбена прослава, а контролата на возилата ја изгубиле кога од спротивниот правец се појавило возило.
Несреќата се случила во туристичката област Луксор, а жртвите се Египјани.
26.08.2014 - 10:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа