„Лежечки полицајци“ се поставуваат низ Охрид

 

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, од вчера започна со поставување на успорувачи на сообраќај или попознати како „лежечки полицајци“. 

Во прва фаза ќе се поставуваат успорувачи на сообраќајот на улица „Момчило Јорданоски“, улица „Питу Гули“ пред ОУ „Христо Узунов“, улица „Партизанска“, улица „7- ми Ноември“ пред ОУ „Братство – Единство“ и на булевар „Туристичка“.

Поставувањето на успорувачите на сообраќајот се дел од програмата на градоначалникот Бакрачески и дел од Годишната програма на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици за поголема безбедност во сообраќајот.

По неодамна распишаниот тендер како најповолен понудувач од комисијата при Општина Охрид беше избран економскиот оператор ДООЕЛ Бојка Инг од Скопје.

26.08.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега