Ледениот предизвик ја зеде првата жртва - тинејџер замина во смрт
Во неделата 18 - годишниот Камерон Ланкастер наводно учествувал во леден предизвик и скокајќи во вештачко езеро се удавил.
Неговото семејство испрати соопштение до медиумите во кое велат дека тој имал многу пријатели и дека ќе им недостасува, а сеуште се истражува дали неговата смрт е поврзана со ледениот предизвик.
Сведоците тврдат дека младите и претходно скокале од карпите, но сега се повеќе луѓе го правеле тоа.
Алис МекГери, која живее во близина на местото на несреќата, мисли дека Ланкастер скокнал поради ледениот предизвик бидејќи минатата недела видела видео од уште едно момче како скока од истото место за да го исполни предизвикот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа