Јутјуб го забрани новиот спот на Петар Грашо- еве зошто
Последниот летен хит на хрватскиот музичар Петар Грашо „Увик исти“ е забранет од сервисот Јутјуб.
Пејачот направи многу емотивно видео кое го прикажува крајот на животот на еден типичен Далматинец верен на своето семејство, себеси, и на навиките и на пороците.
Наводно видео записот бил забранет откако анонимен гледач го пријавил бидејќи во спотот Петар Грашо ја фаќа медицинската сестра за задникот.
По успешната комуникација на Јутјуб и тимот на Петар Грашо, спотот е вратен на каналот.
26.08.2014 - 09:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа