Одбележување годишнина од раѓањето на Мајка Тереза

 

Државната награда „Мајка тереза“ за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и соработка меѓу народите и припадниците на различните заедници, култури и вери денеска во македонското Собрание ќе и биде доделена на Поликсена Илиоска.

По истиот повод претствници на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ ќе положат цвеќе на нејзината спомен плоча на плоштадот Македонија.

Мајка Тереза (1910-1997) е хуманистка родена во Скопје. Таа била мисионерка на добрината и добитничка на бројни награди, меѓу кои и Нобеловата.

26.08.2014 - 09:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега