Пожарот во Грција се уште беснее

 

Пожарот во древната Месенија, на Полуостровот Пелопонес во јужна Грција, и натмау беснее со сета своја жестина.

Огнот е во близина на куќите на четири населби и до археолошкиот коплекс во градот, а во меѓувреме се појави и ново жариште, што уништува џбунести и шумски површини, пренесе радио Атина.

Поради пожарот вчера беа евакуирани жителите на четири села.

Огнот буквално минал на неколку метри од археолошкиот музеј во Месенија.

Радиото јавува дека засега нема опасност пламените јазиици да го зафатат и стариот манастир во реонот. 

26.08.2014 - 09:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега